• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Нови колекции и иновации на домашни дизајнерски автори на вториот ден на Моден Викенд Скопје

Од stylist @StylistMKD · На март 11, 2023

1Teodora & Dusan

Со голема италијанска модна ноќ започна 26-тото издание на Fashion Weekend Skopje (Моден Викенд Скопје), на вториот ден на модниот настан кој повеќе од четврт век ја редефинира и повторно ја открива идејата за тоа што значи естетика и дизајн, посетителите имаа можност да ги погледнат последните колекции, но и иновации на домашните дизајнерски сили на модната сцена.

Програмата ја започнаа претставниците на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер кој е дел од проектот „Fashion Employment Hub” и кој е еден од фаворитите за соработка на Моден викенд, заради мисијата која заеднички ја делат, а посветена е на одговорната мода. Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег ИПА ПС програмата. Тоа беше и вовед кој присутните ги однесе во светот на иновациите и иднината.

Со претставување на IKIVERSE – првата дигитална модна ревија на Моден Викенд Скопје на Искра Џокиќ Кецап. Таа е дизајнер и уметник кој користи најмодерна 3D дигитална технологија за дизајн на облека која е достапна во оваа област.

-„Panta Rei – сè тече, сè се менува.“ Оваа максима се однесува и на начинот на креирање во модниот дизајн. Живееме во дигитално време во кое секогаш се бараат нови решенија, нови алатки кои се адаптабилни и кои нудат одржлив пристап.Огледало на ова е и новата модна колекција IKIVERSE – - изјави Искра при претставувањето на својот проект.

Потоа следуваше “Hope this feels familiar”, проект кој е соработка помеѓу модната дизајнерка Теодора Митровска и визуелниот уметник Душан Стефановски.

Teodora Mitrovska & Dusan Stefanovski

Се работи за проект кој ги истражува границите помеѓу мода, уметност и перформанс. Иронично насловен „Hope this feels familiar“ проектот претставува нов неистражен терен за Теодора и Душан, а особено за нашата модна сцена.

Втората вечер продолжи со модната ревија на студентите на Интернационалниот институт за мода Изет Цури-личност во модниот свет кој по своето повеќедецинско работење во најстарата светска модна метропола – Париз, се стекна со непроценливо искуство во техничките области на изведба на рафинирана облека, водење сопствено ателје за облека направена по мерка и костимографија. Неговата благородна визија за пренесување на знаењето и акумулираното професионално искуство на младите генерации од земјата и регионот резултираше со отварањето на Интернационалниот Институт за мода „Изет Цури” во Скопје во 2014 година. Овој институт стана синоним за врвни стандарди во обучувањето на идни дизајнери, како од технички аспект (моделизам), така и од аспект на поширока дизајнерска обука (стилизам) и оспособување за независна дизајнерска работа.

izet curi

Интернационалниот институт за мода „Изет Цури” ја продолжува традицијата на подготовка и реализирање на модни ревии. Секоја од студентските креации кои ги видовме синоќа, се дизајнерски преводи на индивидуално избраните теми. Креациите го ставаат акцентот на техничката изведба, но и разработената инспирација која доаѓа од различни извори како: древните и современи култури, наследството на високата мода, експериментирање со техники на изведба, историјата на модата и реинтерпретација на дизајнерските остварувања од минатото, како и  одржливата мода.

По големото дефиле на Интернационалниот институт за мода, публиката имаше можност да ја погледне колекцијата “Goddess” на Емира Имери. Нејзината колекција инспирирана од богињите претставуваше драматична игра на форми, бои и додатоци кои ја рефлектираат жената како борец која никогаш не се откажува од себеси.

emira ymeri 2

Мила Спасовска го потпишува брендот Yamuna. Таа презентираше аксесоари специјално дизајнирани од боите на палетата на IQOS.

-За оваа колекција инспирацијата левитираше и се градеше околу мене веќе некое време, а сега дојде моментот да се изразам и да ја преведам во облека. Изминатиов период се што забележував беа бизнис луѓе и анализирав каков е нивниот стил. Тоа ме интригираше и најадов голема инспирација во острите линии која ме асоцираше на сериозноста на овие луѓе. Од друга страна пак, свесна сум дека животот носи непредвидливи ситуации и дека истите тие сериозни ликови знаат да се најдат во хаотични моменти. Некои уживаат во хаосот, некои се трудат секој детал да им е испланиран, но како и да е не секогаш можеме да ги предвидиме околностите, а јас размислувам за тоа многу.

yamuna

За да можам сето ова да го преведам во архитектурата на телото, острите линии ги наоѓам во кројот на парчињата. Неговата улога е да му служи на телото и да раскаже повеќе за индивидуата која го носи парчето. Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат, таа е заслужна за животот да го направи убав и полн со забава, но и непредвидливост.

Префинетиот стил и боите на IQOS некако природно се вклопија во сентиментот на оваа колекција. Многу ми е драго за нашата соработка за која дизајнирам марами во нивните препознатливи бои. Тие се и дел од мојата ревија како аксесоари која ги надополна аутфитите -изјави Спасовска за оваа необична соработка.

УРМА имаше свој интересен поп ап простор на вториот ден од FWSK.  Таа е и првата концептуална онлајн продавница кај нас, која го соединува пазарењето со културата на живеење, пружајќи им несекојдневно и стилско купувачко искуство на клиентите со дизајнерски производи од висок квалитет, како и внимателно одбрани производи од етаблирани брендови, креирајќи селекција која има и културни придобивки за купувачите.

SBP exhibition

Отворена беше и изложбата “SMALL BUT PERFECT: THE ENERGY OF DESIGN FOR PEOPLE AND THE ENVIRONMENT” посветена на личностите кои на свој начин и преку својата работа се гласноговорници на циркуларната економија.

На денешниот последен ден најавен е THE BRIDAL FASHION, а ќе бидат претставени колекциите на „Ал Апарел” на Наташа Карчева, SIGMA Jewelry, VLORA & KALTRINA и FA-BU на Јагода Пачемска.

Моден Викенд Скопје со ова издание докажува дека убавината е во естетиката, но и во дејствието каде и како ќе се случува самиот настан. Па така, користењето на просторниот office space на East Gate Mall, кој годинава е партнер на оваа голема модна смотра, покажа како со нов концепт, во минималистички манир преку архетипските кодови кои го идентификуваат овој настан кој е секогаш прочистен до срж, се подготвува за ново поглавје кое го носи сигурно и определено во своите принципити до третата деценија на постоење.

Модните ревии имаа и пратечка офф програма со јавни дебати кои ги актуелизираа темите на одговорно консумирање на модота и на циркуларната економија, како силен фокус кој  Моден Викенд Скопје ги застапува подолг временски период, но и теми поврзани за иновациите во модниот свет како што е 3D моделирање и виртуелни модни ревии кои полека стануваат глобална реалност.

Info Day

Моден Викенд Скопје не е само моден настан и не е само платформа за промовирање на новите сили во модата и славење на докажаните, туку и организација која претставува грижа, љубов и реалност за сите оние кои одлучиле да се посветат професионално со мода, дизајн, естетика и убавина, на кои ќе има се помогне на патот до успехот, па така низ бројки изминатите години реализирани се 303 модни ревиии, истите ги следеле преку 100.000 гледачи, се претставиле околу 50 самостојни дизајнери и 42 модни брендови и странски гости, организирани се 27 општествено одговорни настани, моделите ги носеле над 3.000 манекени, во организацијата биле вклучени над 500 луѓе и сѐ се одржувало на 50 типични и нетипини локации.

Мотото на 26-то издание на FWSK е “Јазикот на етиката и дизајнот”, локацијата e East Gate Mall, а календарски и концептуално настанот се вклопува во Деновите на италијанскиот дизајн, при што ова издание се реализира во тесна соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, Италијанската агенција за трговија ITA и Ист Гејт мол.

Info Day speakers

А ова се компании и брендови кои се поддршка на целиот настан:P2P, SN финансии, Smart Living, СН осигурутелен брокер, Sax gin, Бајадера.

Манекенките ќе ги разубавува официјалниот партнер за фризура Alfaparf Milano Professional во соработка со школата „Димитар Влахов”, како и KIKO Milano официјален партнер за шминка во соработка со „Школата за Убавина АРТ”.

Пријател за нега и убавина ќе биде француската медицинска козметика Uriage - за здрава и негувана кожа без брчки, овој бренд ја има добитната формула.

Исто како ново! За три пати подолг век на траење на вашата облека – Первол Renew.

Животот е посладок со Sunday- слатко задоволство од колачиња и десерти. Произведени тука, а препознаени во цел свет!

Одблесокот на огледалата од уметничката инсталација на MG ART ќе биде вистински магнет за селфи фотографии.

(ПР објава)

Фото: Гјоргиј Ристоски

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 tatjana janusheva моден монитор

    Татјана Јанушева со кампања на Stradivarius

  • 0 ludus моден монитор

    Нова колекција на „Лудус“ од серијата „Пост-родовост“

  • 0 моден монитор

    Колекцијата на Лили Олдриџ за Weekend Max Mara достапна и кај нас

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • paco rabanne

    Пако Рабан 1934-2023: Почина познатиот моден дизајнер и мајстор на футуристичка мода

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 tatjana janusheva

    Татјана Јанушева со кампања на Stradivarius

    март 31, 2023
  • cherry-cola-tiktok

    Оваа боја на коса е тренд на ТикТок, се очекува да биде голем тренд за пролет 2023

    март 30, 2023
  • 1

    Плетените и трикотажните фустани идеални за овој преоден период

    март 30, 2023
  • beam (3)

    Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

    март 29, 2023
  • 0 ludus

    Нова колекција на „Лудус“ од серијата „Пост-родовост“

    март 29, 2023

Убавина

  • cherry-cola-tiktok

    Оваа боја на коса е тренд на ТикТок, се очекува да биде голем тренд за пролет 2023

    март 30, 2023
  • carousel_5

    Што е дехидрирана кожа и како да се изберат најдобрите продукти

    март 20, 2023
  • 6

    The Body Shop, брендот што носи промени, пристигна во Македонија

    март 2, 2023
  • HF refill 2

    Eucerin користи 90% помалку пластика со новите пакувања на производите Hyaluron-Filler

    февруари 24, 2023
  • eucerin

    Уреа, ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа

    февруари 8, 2023

Живот

  • beam (3)

    Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

    март 29, 2023
  • 1 kids expo

    КИД ЕКСПО – Првиот саем за деца кај нас на 8 и 9 април во Александар Палас

    март 28, 2023
  • САЕМ НА МЕБЕЛ 2023

    Саем на мебел од 29 март ќе понуди богата понуда и попусти за утредување на домот

    март 20, 2023
  • Lukoil

    IQOS отсега достапен и на бензинските станици на Лукоил

    март 11, 2023
  • IMG-1aa5b509990c7cdd7e89e653681204a9-V

    AVON со нова донација и силна поддршка во борбата за спречување насилство врз жените

    март 9, 2023

Култура

  • rezerva princ hari

    „Арс Ламина“ ја објави автобиографијата на принцот Хари – „Резерва“

    март 23, 2023
  • msu viena

    Дела од вредната колекција на МСУ-Скопје на голема изложба во Кунстхале Виена

    март 22, 2023
  • Рапсодија 26

    Целовечерно музичко патување со младата вокалистка Натали Зарин во „Станица 26“

    март 22, 2023
  • d2f5c0c7-ef0d-3048-6bcc-7f967f56ff6a

    Македонскиот филм „Преекспонирано“ ќе се натпреварува на филмски фестивал во Катанија, Италија

    март 15, 2023
  • Print

    Вечерва во МСУ – Скопје се отвора изложбата „Пејзаж на вознемиреност“

    март 9, 2023

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics