Италијанската модна куќа „Фенди“ го избра Рим, својот роден град за место каде што ќе го прослави 90-годишниот јубилеј со ревија на уникатна модна писта од стакло поставена во познатата Фонтана ди Треви, поради што манекенките изгледаа како да чекорат по вода. На ревијата дизајнерите Карл Лагерфелд и Силвија Фенди претставија колекција на висока мода за есен 2016 наречена Legends and Fairy Tales (Легенди и бајки). Ревијата пред култната фонтана не е случајна. Имено, брендот „Фенди“ пред година и пол ја спонзорираше реставрацијата на оваа фонтана стара 254 години.
Нема коментари