Пред три години познатата пејачка Ријана ја лансира линијата на шминка Fenty Beauty и постигна огромен успех со своите производи, сега ја најавува линијата за нега на кожата Fenty Skin под слоганот „Новата култура на нега на кожата“.
„Негата на кожата, тоа е вистината. Или функцинира или не. Нема што да се сокрие“, смета Ријана.
Линијата се состои од производи за нега на кожата на лицето и телото, кои што ќе се продаваат од 31 јули на fentybeauty.com. Пејачката сними видео со дневна рутина на нега на лицето употребувајќи ги новите производи.
Ријана открива дека две години работела на креирањето на оваа линија, усовршувајќи ги формулите и целиот концепт дека основата е убава и негувана кожа. Без разлика дали сакате да се шминкате или воопшто не користите шминка, секогаш треба да имате блескава кожа. Пејачката вели дека оваа козметика е намента и за мажи.






























Нема коментари