Македонскиот еко-моден бренд и онлајн продавница Bastet Noir во соработка со блогерката Јована Зука комплетира неколку стајлинзи за претстојната сезона на летни фестивали. Станува збор за винтиџ модни парчиња, избрани со помош на авторката на блогот After Two Five, а се наменети претежно за ASOS. Во селекцијата доминира сината, тиркизната и црната боја, ретро принтовите, и кројот од 60-тите, 80-тите и 90-тите години. Застапени се фустани, здолништа и јакна од светол џинс. За промоција на Festival fashion беше снимена мини фотосесија со моделот Ана Ежова. За стајлинзите се користени високи чизми, марами, обетки и колани.
Нема коментари