После девет години модната дизајнерка Фиби Фило ја напушта позицијата на креативен директор на париската модна куќа Céline. За време на нејзиниот ангажман таа изгради препознатлив стил на брендот кој се базира на шик изглед со доза на минимализам. Зад себе остава колекции кои жените ги сакаат и неколку модели на чанти, како box, trio, cabas, a нејзинта luggage tote е една од најпознатите и најкопирани чанти на денешницата.
Фило изјави дека работата во Céline за неа е непроценливо искуство, и дизајнерката е бесконечно благодарна за можноста да биде дел од талентиран, кохезивен и посветен тим. Во март следната година таа ќе ја претстави последната колекција за куќата.
Во 1996 година дипломирала на престижното модно школо Сент Мартинс во Лондон, и веднаш почнала да работи за модната куќа Chloé, прво како асистентка на тогашниот креативен директор Стела Макартни, а подоцна и самата како главен дизајнер на парискиот бренд. Во 2006 престанува да работи за Chloé, а по две години пазуа се вработува во Céline. Сè уште не е познато кој ќе дојде на нејзиното место во Céline, a Фило се нема изјаснето каде ја гледа својата професионална иднина.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари