Лејди Гага како Патриција Реџијани и Адам Драјвер како Маурицио Гучи, се главните протагонисти во филмот House of Gucci („Куќата на Гучи“), кој почна да се снима деновиве во режија на Ридли Скот. Приказната е за познатата модната династија Гучи и настаните околу убиството на Маурицио Гучи. Да се потсетиме на вистинскиот случај – Патриција, поранешната сопруга на Маурицио, беше обвинета за нарачка на убиството на нејзиниот екс-сопруг во 1995 година, откако тој ја остави за помлада жена. Таа издржа затворска казна од 18 години, каде го доби прекарот „црна вдовица“, пред да биде ослободена во 2016 година. „Куќата на Гучи“ ја одбележува првата филмска улога на пејачката Гага по улогата номинирана за Оскар во „Ѕвездата е родена“.
Нема коментари