Познатиот италијански режисер и сценарист Бернардо Бертолучи почина денес во Рим, во својата 78-ма година. Зад себе остави бројни култни филмови во кои се бави со политички, социјални и филозофски прашања, како со сексуалсноста и личните приказни на протагонистите. Големо внимание обрнуваше и на визуленото совршенство во своите филмови, а некои од нив се сметаат за ремек-дела на светската кинематографија. Да се потсетиме на неколку негови филмови и да си дадеме задача повторно (или за прв пат) да ги изгледаме. Во негова чест.
ПОСЛЕДНИОТ КИНЕСКИ ЦАР
ПОСЛЕДНОТО ТАНГО ВО ПАРИЗ
ЧАЈ ВО САХАРА
УКРАДЕНА УБАВИНА
СОНУВАЧИ
20 ВЕК
КОНФОРМИСТ
Нема коментари