Интензивен кардио тренинг, вежби со еластични ленти и 20 минути вежбање на подгога е тајната на фигурата на познатата пејачка Алиша Кис. Таа откри како изгледа нејзиниот тренинг и поголем дел од вежбите можете да ги аплицирате дома.
КАРДИО СО ТРЧАЊЕ И СКОКАЊЕ СО ЈАЖЕ
Алиша подолго време трча, дури и има настапувано на неколку маратони, како на пример Грција во 2007 и во Њујорк во 2015 година. Исто така применува скокање со јаже, вежба со која се размрдува целото тело, се топат калории и се обликува телото. И спорет фитнес познавачите е најдобра кардио вежба за слабеење.
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТЕЛОТО СО ЕЛАСТИЧНИ ЛЕНТИ Пред концертите и долгите турнеи, Алиша ги засилува тренинзи за да може да постигне одлична кондиција. Дел од тренинзите влучуваат вежби за зајакнување на телото, во кои еластичните ленти се единствениот реквизит и се искористува сопствената тежина, се постигнува отпор и мускулите работат под оптоварување. Вежбите со лента брзо даваат резутати.
СЕКОЈДНЕВНА 20-МИНУТНА РУТИНА ЗА ВЕЖБАЊЕ
Преку неделата и во деновите со помал физички напор, Алиша прави тренинзи со висок интензитет во траење од 20 минути, а кои што се дизајнирани од нејзиниот тренер Џенет Џенкинс. Оваа спортска рутина започнува со истегнување на грбот и вежби за томакот, рацете, нозете и задникот. Потребна ви е само една подлога (yoga mat), уред преку кои ќе ги следите You Tube видеата и многу мотив за вежбање.
Нема коментари