• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Форстеп – нова домашна платформа за интернет продажба

Од Катерина Трајановска · На јуни 25, 2015

forstep 1

Последниве години модните дизајнери и брендовите се отворија за делот за интернетска продажба на своите креации, а македонската публика се адаптира на новиот начин на купување мода со еден клик. Креаторите тоа го прават на сопствените сајтови, но и на групни интернетпродавници. Еден таква се појави минатата недела, Forstep.mk, онлајн продавница ориентирана на дизајни со попуст, а на која може да ги најдете и домашните креатори Јованаа Филиповиќ, Ненад Секирарски, Мила Кадриу, Елена Спасовска и Ирина Тошева, како и неколку други брендови од типот Ada Gatti иPanda Optic. Зад Форстеп стои млад тим на чело со основачите Сара Механџиева и Игор Димитров, а ја контактиравме Сара да ни ги објасни принципите на делување на оваа нова интернетска продавница.

Како почна приказната за Форстеп и кој е тимот што го води проектот? Што сè може да се најде во интернет продавницата?

-Приказната за Форстеп започна уште пред една година и воопшто не беше случајно. Размислувавме во насока на тоа што недостостасува на македонскиот пазар или уште попрецизно, што е она што има простор да се развива. Се споивме во млад тим  луѓе со голема желба и мотив за работа. Заедно со ко-основачот Игор заклучивме дека онлајн трговијата во целина, тука во Македонија, е во своите развојни почетоци иако во соседните Балкански земји тоа не е ситуација. Генерално, ние сме нација која ги следиме светските трендови и сакаме да го живееме нивниот лајфстајл. Затоа на македонскиот пазар нудиме нешто ново и современо. Отворивме специјализирана модна онлајн продавница која ќе промовира луксузни парчиња гардероба, асесоари, очила, чанти на неделни попусти или 5 дневни зделки. Ова е претприемачки тип на бизнис и горди сме затоа што ваков модел на функционирање се уште не се појавил никаде во светот.

forstep

Сара Механџиева и Игор Димитров, коосновачи на Forstep.mk

Онлајн продавницата е фокусирана на модни парчиња кои се на попуст, зошто токму ваков пристап?

-Првенствено, ваквиот пристап се должи на економската ситуација во земјава. Луѓето се почесто се жалат дека потрошувачката кошничка не им е доволна и не можат да ги задоволат основните потреби, особено оние од социјална природа. Секундарно, штедењето како категорија насекаде се применува, тоа е тренд во моментов. Од друга страна пак, на сите ни недостига време. Оние кои се врботени немаат време за шетање по трговските центри и следење на сезонски попусти. Едноставно луѓето не знаат каде да ја вложат својата енергија, а уште повеќе, своите пари кои во вакво време започнуваат се повеќе да ги штедат.

Кои дизајнери и брендови се засега присутни на Форстеп и дали веќе остварувате контакт и со други имиња?

-Досега успешно соработуваме со дел од македонските дизајнери како: Мила Кадриу, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Ненад Секирарски, Елена Спасовска и сите тие биле дел од Моден викенд-Скопје. Од модните брендови, досега соработуваме со шпанскиот бренд Ada Gatti, брендот за оптички и очила за сонце Panda Optic и со грчкиот моден бренд за чанти ВЕТА, кој ексклузивно преку Форстеп, се позиционираат на пазарот во Македонија. Нашата визија е да ги отвориме срцето и вратите кон светот. Затоа се стремиме кон остварување на нови и успешни соработки со модните брендови и реномирани дизајнери тука и надвор од Македонија. Производите на дизајнерите и брендовите со кој досега направивме соработка можат да се погледнат на нашиот веб сајт Forstep.mk.

fostep 3

Тимот на Форстеп

Македонската модна публика е малку скептична во однос купувањето мода на интернет, кое е искуството на Форстеп во првите денови од работата? Има ли нарачки?

-Кога Форстеп беше во својата проектна фаза се фокусиравме на тоа да понудиме сигурност и доверба на крајниот клиент. Од таа причина понудивме решение за сите оние потрошувачи кои од некоја причина се двоумат да купуваат онлајн. Доколку парчето кое им пристига до нивниот дом во рок од 48 часа не им прилега соодветно, имаат можност да побараат од нас бесплатна корекција кај модниот дизајнер од кој го нарачале парчето и ние да им овозможиме дата и време за корекција во нивните модни студија. Исто така, сериозна онлајн продавница не смее да функционира без гаранција за враќање на производи и враќање на вложените пари,тоа е регулирано во Законот за потрошувачи на Р.Македонија. Среќни сме што досега имаме неколку нарачки, со оглед на тоа што започнавме со активна работа пред многу кус период. Нашата порака до сите е да се ослободат од стегите кое општеството само ги создава и да почнат да веруваат на тркалото на светот.

forstep2

Креации на домашни креаори и модни брендови на едно место

 

Forstep.mkЈованаа Филиповиќелена спасовскаИгор Димитровинтернет продавницаИрина Тошевамакеоднски дизајнериМила КадриуНенад СекирарскиСара МеханџиеваФорстеп
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • WebinarD4C_Macedonia (1) моден монитор

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

  • mirjana josifoska моден монитор

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

  • 1 моден монитор

    Инаугурациска мода: Пораки за мир и обединување

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics