• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Преглед на модните ревии од второто издание на Скопски моден фестивал

Од stylist @StylistMKD · На ноември 14, 2022

sff1

На второто издание на Скопски моден фестивал, од 10 до 13 ноември се одржаа модни ревии на 12 македонски дизајнери и брендови, како и ревија на гостин од Косово. На настанот кој се одржа во Скопје сити мол, тие ги прикажаа своите нови модни колекции, а подолу погледнете дел од нивните креации. Првиот ден се претставија Маја Кикириткова, Етник Шала и школата Скала, вториот беше во знакот на Мелани Дигит, Сара Реџиќ, Ателје Краљевски и Роберт Ивановск, третиот ден со ревиите на Herline, Стефанија Насеска, La Maison Cece T. и на Елена Лука се заокружи ревискиот дел од фестивалот.

МАЈА КИКИРИТКОВА

1 maja kikiritkova

Под називот „Ти можеш, ти си силна“, дизајнерката Маја Кикириткова, чиј потпис е на брендот „Eleazar“, на публиката ѝ претстави уникатни креации скроени за самоуверени жени. Елегантната црна, златната и сивата боја обликуваа сериозен крој каков што ѝ доликува на една вистинска дама.

„Инспирацијата лежи во жената во својата најдлабока форма, жена која навидум изгледа како санта мраз, но со еден допир станува мека, нежна“, вака дизајнерката го долови приказот на својата колекција.

ЕТНИК ШАЛА

3 etnik shala

Ревиско деби во земјата имаше косовскиот дизајнер Етник Шала кој се претстави преку авангардна ревија на својата најнова колекција. „Гобленот“ беше вивидно забележлив во деталите на фустаните, а освен тоа последниот модел изнесе целосна слика на еден гоблен извезена во вид на наметка. Тоновите на жолта, кафена и зелена боја, комбинирани со розево оддаваа впечаток дека тоа е следниот нов фустан што ѝ прилега на една девојка која не се плаши да се искаже низ облеката.

„Секогаш се трудам да создавам сентиментални креации врзани со моето детство и местото од каде потекнувам. Секое парче е всушност уметничко дело направено преку механички слики извезени во бројки и бои“, истакнува Шала.

СКАЛА

4 skala

Крајот на првата вечер беше посветен на идната генерација македонски дизјанери, студентите на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија „Скала” [поранешно „Џолев и уметностите"].

Инспирирани од претходните декади, застапеното либерално движење со панкерска нота, петте студентки, Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска навестија експериментални трендови што не влегуваат во рамките на секојдневната мода. Истовремено, креациите блиски до студентите се блиски до помладите генерации, па во фокусот беа смели комбинации од каро здолниште и блузички од тантела и ракавици.

МЕЛАНИ ДИГИТ

1 melani digit

Вториот ден прва на сината писта продефилира колекцијата „Фигура“ на Мелани Дигит. Апциклираните капути, мантили и бунди се новитет во нејзината работа, а деби ревијата пред скопската публика проговори за реобновлив текстил што на циркуларен начин се претвора во авангардна колекција. Во соработка со македонскиот бренд за долна облека Sara Fashion, унисекс фигурите на Дигит покажаа дека добрата креација трае вечно. Дизајнерката преку најновата серија ја потврди суштествената значајност на одржливата мода.

САРА РЕЏИЌ

2 sara redzic

Понесена од хипи движењето како автентичен печат на нејзиниот бренд, добро познатата дизајнерка Сара Реџиќ повторно произведе специфична колекција со традиционални плетива и мноштво дезени како лајтмотив. Низ сите триесет изгледи од „Јесенија“ се провлекува шаренолик израз на силни апстракции конкретизирани во уметничко парче облека.

„Колекцијата е романтична и одржлива приказна која трае повеќе од деценија и продолжување на сè она што со години го работам. Во секоја креација се препознава и чувствува мојата љубов кон правењето облека“, сподели Реџиќ.

АТЕЛЈЕ КРАЉЕВСКИ

3 kraljevski

Ателјето Краљевски пред фестивалската публика даде неосекојдневен приказ на нослива ексцентрика. Металик фустани, капути од змиски принтови и тантела здолништа беа дел од безграничната креатива што доживеа спектакуларно модно дефиле.

РОБЕРТ ИВАНОВСКИ

4 robert ivanovski

Крајот на втората вечер го означи Роберт Ивановски, а ревијата на асиметрична машка линија пренесена во единаесет модели, постави нови темели на машката мода. Присутните имаа можност да погледнат возбудливи креации со едноставна, а сепак драматична естетика што плени. Кралско сината и црна се доминантните бои на бескомпромисните парчиња што излегуваат надвор од границите на секојдневното. Истовремено, колекцијата „X|“ зрачи со удобност за лесни дижења и удобност во она што се носи.

„Брендот создава современа облека за урбани луѓе, кои имаат тенденција да вклучат уметност и безвременски дизајн во нивното секојдневие. Модерен и минимален гот дизајн се главните карактеристики за нашиот стил“, изјави Ивановски.

HERLINE

5 herline

Брендот Herline покажува дека женственоста може елегантно да се изрази и во спортски парчиња облека. Ревијата започна со музичкиот настап на поп ѕвездата Викторија Лоба, која заедно со моделите прошета низ синиот тепих на дефилето. Освен најновата линија на тренерки, колекцијата „Revelation“ откри и нови едноделни костими за капење со софистициран дизајн.

СТЕФАНИЈА НАСЕСКА

6 stefanij naseska

Поттикната од општествените случувања на глобално ниво, модната дизајнерка Стефанија Насеска преку колекцијата „Liberty“ издиктира футуристички, ексцентрични и авангардни трендови за смелите девојки. Бунтовни креации, како фустан со фантомка во неонско розова боја, што истовремено означуваат борбеност, свест, а и ја обликуваат женската силуета.

„Колекцијата е осврнување кон светлината и комфорот како непрекинат поглед кон убавото. Микс на минатото и сегашноста со поглед кон иднината“, истакна Насеска.

LA MAISON CECE T.

7 la maison cecet

Дизајнерката зад потписот Maison Cece T sе претстави во сосема поинакво светло преку „Metamorphosis“, а во центарот на вниманието беа тоалети и комплети надополнети со крзна и кожени мантили. Вистинскиот гламур го донесоа и црната, розовата и црвената како главни бои на колекцијата.

 

8 elena luka

Модната куќа Елена Лука со раскош го заокружи ревијалниот дел на Скопски моден фестивал. Божиците и нимфите од грчката и римската митологија за момент беа присутни во главниот град, оживувајќи преку колекцијата „Satin Dream“. Нежни земјени и златни тонови во лелеава свила и рачно изработени орнаменти се дел од најновата грациозна линија за пролет-/лето 2023.

„Архитектурата, скулптурите и декорациите од старата грчка и римска уметност, вешто се преточени во модернизирана линија на ексклузивни тоалети кои на современите дами кои бараат смел и атрактивен дизајн, им ја овозможуваат привилегијата да се почувствуваат како вистински божици“, изјавија оттаму.

Автори на фотографиите се Антонио Станков и Марко Вилиќ.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

  • ana моден монитор

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

  • METGALA моден монитор

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics