Враќајќи се кон природата, модната креаторка Ирина Тошева деновиве направи фотосесија за својата колекција Ease за пролет-лето 2017. Фотографиите ги сними Миладин Паповиќ, а креациите ги носат моделите Ана Ежова и Ивана Васовска. Проектот е работен неколку месеци и посветено е внимание на секој детаљ. Така, за изработка на шминката, Виктор Мирчевски користи природни цветови. Печатени на еколошки материјали дезените се соработка со американскиот уметник Mark Lovejoy. Модните додатоци се соработка со Mighty Jewelry и претставуваат минијатурни пејсажи од природата. Колекцијата премиерно беше претставена пролетното издание на Моден викенд-Скопје.
Нема коментари