Моделите во Франција сега ќе мора да покажат потврда од лекар за своето здравје, дел од мерките на новиот закон со кој ќе се контролира здравјето на манекенките во модната индустрија. Законодавните тела во Франција донесоа одлука со која сите модели пред своите ангажмани треба да покажат потврда која го гарантира нивното здравје. После неколку обиди во во Италија, Израел и Шпанија за контрола и забрана на ангажирање модели кои се премногу слаби, како и воведување на минимален индекс на телесна маса, оваа мерка посистемски и поригорозно треба да го контролира нивното здравје. Сите што ќе го прекршат законот може да добијат казна од шест месеци затор и казна од 75.000 евра. Исто така, одлучено е списанијата и рекламните кампањи да го назначат користењето на фотошоп на фотографиите.
Нема коментари