Режисерот Вес Андерсон негува посебен авторски израз и неговите филмови имаат препознатлива, сценографија и кинематографија. После Royal Tenenbaums и Grand Budapest Hotel, еве го новото дело – The French Dispatch. Вчера беше објавен трејлерот за филмот и од него гледаме дека приказната се врти околу замислениот неделник The French Dispatch и е сместен во 20-от век во еден замислен француски град, Бил Мареј е уредникот на весникот, а кастингот е одличен – Тимоти Шаламе, Тилда Свинтон, Овен Вилсон, Бенисио дел Торо, Френсис Мекдорман, Едриен Броди, Елизабет Мос, Вилијам Дафо, Едварт Нортон, Серша Ронан, Леа Сејду, Кристоф Валц, Џефри Рајт и уште многу други познати актери кои имаат споредни улоги.
Премиерата е во јули годинава.
Wes Anderson’s upcoming movie, “The French Dispatch,” is about a fictional weekly magazine that looks an awful lot like—and was, in fact, inspired by—The New Yorker. See exclusive photos from the film: https://t.co/vdIjk8u8E0 pic.twitter.com/ttyCdFVXqI
— The New Yorker (@NewYorker) February 11, 2020
Нема коментари