„Гучи“ невеста во фустан од „Валентино“? Поранешната креативна директорка на модната куќа „Гучи“ Фрида Џанина се венча во креација од конкурентската „Валентино“ за својот долгодишен партнер Патрицио ди Марко на церемонија во Рим. Моќната модна двојка со години работеше за „Гучи“, таа како дизајнерка, тој како извршен директор. Неколку месеци по нивното заминување од куќата, веројатно под лоши услови, не изненадува што Фрида избра венчлна креација од нејзините пријатели Марија Гразија Кјури и Пјерпаоло Пичоли кои дизајнираат за „Валентино“. Кјури и Пичоли направија и фустан за Грета, двегодишната ќерка на Фрида и Патрицио.
Нема коментари