Карнерите се позиционираа и на костимите за капење, овој детаљ на облеката и конкретно на парчињата за капење, додава елемент на заведување и го анимира уште повеќе изгледот за на плажа. Исто така допринесува за криење или додавање волумен на одредени делови од телото.
Ако сакате да додадете женственост во изгледот, одберете костим за капење со ситни карнери на прерамките. Малите карнери во долниот дел околу колковите, стратешки ќе ги сокрие најпроблематичните делови на силуетата (или барем ќе го одвлечат вниманието од стриите или другите несакани појави). А доколку имате мали гради, карнерите околу деколтето ќе додадат повеќе волумен во тој дел од телото.
Нема коментари