Италијанскиот бренд за кожни производи Furla ја претстави својата прва чанта од биоразградлива кожа Unica Furla Earth Limited Edition, реализирана во соработка со Cyclica. Заштитно лице во кампањата што ја промовита оваа колекција на биораградливи чанти во неколку бои е манекенката Ирина Шајк.
Во соработка со компанијата Cyclica, ова е првата чанта од биоразградлива кожа со знакот „Made in Italy“. Италија со векови го има имиџот на земја со најдобар текстил и кожа, но сега отвора нова етапа во модниот свет со оваа еко-кожа која е обработена на начин што не влијае на загадувањето откако ќе се распадне во природата, не е отровна за околината, бидејќи за нејзина обработка не се користат класични хемикалии.
Чантата е многу елегантна и изработена од кожа произведена со потемнување на зеленчук, со употреба на отпадна вода од производство на нафта и без алдехиди – вака произведената кожа не содржи метали и не е отровна за околината. Екологијата е клучна за оваа колекција и нов начин на обработка на кожа.
Креацијата доаѓа во неколку бои и сите се органски одгледани, добиени од компоненти како пченка, спирулина, кора и папрат. Тие се основа за производствениот процес кој не користи синтетички агенси и тешки метали.
Ова го враќа процесот на боење назад во минатото – некогаш луѓето бојадисувале облека исклучиво на природен начин, со екстракти од растенија и мали животни како што се некои полжави. За доработка се користени природни компоненти како пчелин восок и специјални соли. Важно е обработката да изгледа исто како порано, да има традиционален имиџ, така што сè се вклопува во стилските насоки на Furla и италијанскиот дизајн воопшто.
Нема коментари