Во колекцијата на шпанскиот бренд „Зара“ пронајдовме еден интересен модел на фустан – виолетов, краток, со тенки прерамки и со карнери во делот кај градите. Оваа креација е идеална за летни забави и вечерни излегувања, и е еден од оние фустани со кој можете да создадете изглед со голем ефект. Доволно е едно парче накит, сандали и мала чанта и ќе добиете шик изглед.
Практичната страна на овој фустан ја пронајде блогерката Кармен де ла Круз, која е фотографираше како го носи овој модел на „Зара“ на два начина – како фустан, но и како здолниште. Како фустан ги тргнала прерамките за да добие изглед на креација без прерамки. А како здолниште само го спуштила фустанот до половината и го комбинирала во блуза во минтзелена боја.
Нема коментари