Кога Марија Ортега, ќерката на сопственикот на модниот бренд „Зара“, се појави на Париската недела на висока мода не во ултра скап кутуриерски дизајнерски модел, туку во бел ресест фустан од „Зара“ кој чини околу 70 евра, таа направи добра реклама на „Зара“ и предвиде дека овој фустан најверојатно ќе биде бестселер.
Марија во Париз облече бела верзија на креацијата на „Зара“, а моделот е од есенската колекција на брендот. „Зара“ веќе ги пласира креациите за престојната сезона, а овој фустан со сивкастосина боја се најавува и во скопската продавница на брендот по цена 4.990 денари.
Креацијата што привлече внимание е со халтер-околувратник, со гол грб и има асимтрична должина. Изгледа елегантно и може да се носи во вечерни и свечени пригоди.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари