Доколку сè уште не сте одлучиле што да облечете и каква комбинација да направите за дочекот на Новата година, ве советуваме да изберете меѓу топ-трите најголеми трендови оваа сезона фустан од кадифе, со тантела или со светкава мониста. Доколку негувате елегентен, кежуал или поспорстки стил, тогаш може наместо фустан да вметнете блуза, здолниште, палто или панталони со некој од овие материјали. Но, ако сакате малку посмел, младешки имиџ, тогаш идеален избор се фустаните направени од светкава мониста.
Најмногу се носат златните и сребрени варијанти, но може да бленесете и во креација со светкав ефект и во друга боја, како зелена, црвена, црна или сина. Ви нудиме неколку креации од понудата на брендот за секојдневна мода „Зара“, но и избор со идеи од уличната мода, како да го комбинирате ова парче. Во фокусот се кратките модели, кои најдобро стојат со црни хулахопки и чевли со минимална потпетица или сочизми до глужд. Долгите варијанти може да ги споите со интересен горен дел, или со мисни чевли. Со оглед на тоа што станува збор за впечатлива креација, може да изберете диксретни еднобојни додатоци, а најсигурни сте со црните чевли и чанта.
Нема коментари