По терк на светските музички ѕвезди, чии модели од сценски настапи и црвениот килим често се наоѓаат во продажба, фустани какви што носеше Каролина Гочева на повеќе јавни настапи сега се достапни во бутикот „Зап Милано“ во Скопје. Станува збор за креации како тие што македонската музичка дива ги носеше на предновогодишниот анплагд настап во 2012 година, на концертната промоцијата на „Македонско девојче (прв дел) и на еден од настапите на „Златна Бубамара“. Стајлинзите за сите настапи ги направи нејзината доглогодишна соработничка, стилистката и модна новинарка Цаци Паковска.
Нема коментари