Секоја сезона се издвојува некое модно парче кое е посакувано и барано, привлекува внимание и брзо се продава. Ако ги задоволува двата битни елементи – сестраност во комбинирањето и достапна цена, неретко тоа парче има и долга листа на чекање. Пролетва таков е случајот со зелениот фустан, модел Gabriella, на не многу познатиот лондонски бренд Kitri, за кој веќе 800 жени чекаат ред да го купат. Овој зелен фустан со принт и плисиран долен дел го носеше модната инфлуенсерка Шарлот Гроневелд (The Fashion Guitar) за време на Њујоршката модна недела, и веднаш им се допадна на жените. По лансирањето на сајтот на Kitri, оваа креација се распродаде во рок од неколку часа, а во моментов има листа на чекање од 800 потенцијални купувачи.
Која е магичната формула на фустанот што привлече толку внимание?! Според многумина успехот е во тоа што задоволува повеќе потреби – тој е ултимативно пролетно парче во посакуваниот кошула-фустан крој, одговара за овој период кога времето е променливо, лесно се комбинира, може да се носи на работа, за излегување после работа и за вечерна пригода, бојата освежува и одговара на сечиј тен, добро стои со патики, класични салонки или чизми.
A post shared by KITRI (@kitristudio) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари