Нова книжарница Zhongshu во кинескиот град Ксиан дизајн на Wutopia Labs
Ксиан, древниот кинески град познат како дом на теракотните воини, доби доза на модерност благодарение на новата книжарница Zhongshu. Дизајнирана и проектирана од страна на студиото Wutopia Labs од Шангај, футуристичкиот ентериер на Zhongshu е креиран од повеќе заоблени челични полици на кои се изложени книгите. За да се создадат направено е 3Д мапирање на просторот, со цел оптимално да се искористи секој агол од просторот. Книжарницата е дизајнирана да имитира средина на облак каде што книгите изгледаат како да пловат во воздухот.
Ентериерот е бел, а заоблените маси и полици го омекнува просторот. Книжарницата е лоцирана на четвртиот кат на една стоковна куќа во Ксиан, а во неа се влегува преку големо спирално скалило, кое овозможува целосен поглед на полиците книги. Во овој дух, архитектите посакаа да создадат облак, каде што книгите ќе „пловат“, а на посетителите ќе им ја стимулираат љубопитноста. Книжарницата вклучува детска библиотека и јавна читална. Изборот на книги е богат, но поради дизајнот избегнато е чувството на неред и хаотичност, па книжарницата изгледа прочистено, организирано, уредно и скоро медитативно.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари