Многумина од нас се обидуваат полесно да го поминат овој процес на самоизолација, обидувајќи се да допринесеме да престане да си шири коронавирус. Тука спаѓаат и познатите личности кои исто така применуваат социјално дистанцирање и седат дома. Сите од нас се обудуваме да го организираме времето дома, но и да делуваме на позитивен начин преку испраќање на мотивирачки пораки за поддршка и почитување на зададени препораки од здравствените власти.
Денеска едно инспиративно видео дојде од актерката Гал Гадот, ѕвездата на филмот Wonder Woman. Таа им пристапи на некои од нејзините славни пријатели кои исто така се во изолација и заедно ја испееја Imagine на Џон Ленон. Па така на Гал во пеењето ѝ се придружија Кристен Виг, Марк Рафало, Зое Кравиц, Натали Портман, Сиа, Каја Гербер, Кара Делевин, Џими Фалон, Маја Рудолф, Вил Ферел, како и Линда Картер, актерката од оргиналната Wonder Woman серија. Сите тие се дома, доброволно во самоизолација.
„Ден шести во самоизолација, и морам да кажам дека овие изминативе денови ме натераа да се чувствувам малку филозофско. Овој вирус го зафати целиот свет. Секој. Не е важно кој си, од каде си, сите сме заедно во ова“, вели Гадот во своето видео на Инстаграм. Таа открива дека за нејзиното видео се инспирирала откако погледнала видео на еден маж во Италија како песната на Ленон ја свири на труба на неговиот балкон за време на тоталното затворање на земјата.
Нема коментари