Групацијата Магнетик овој месец изненади со две нови соработки - именувањето на Каролина Гочева за заштитно лице за 2018 година и отворањето на продавницата на италијанскиот бренд Pinko
Вчеравечер, 7 февруари, во НЛБ Галерија се одржа една гламурозна забава преку која модната групација Магнетик ја претстави новата колекција на Pinko за пролет-лето 2018 година. Настанот беше поделен во различни катчиња преку кои се презентираа различните линии на Pinko.
Дел од гостите беа модни новинари, модни блогери, луѓе од светот на модата и секако нивното заштитно лице – Каролина Гочева. Со уникатни стајлинзи, смели комбинации, трендовски аутфити и како клучен детаљ огромни насмевки на лицата гостите докажаа дека не сме далеку од светските модни трендови.
Pinko и Coca Cola катчето во кој гостите можеa да ја погледаат оваa одлична соработка и да се освежат со Coca Cola. Оваа линија пленува со светки и принт со дизајн на Coca-Cola. Капсулната линија е микс од морнарски стил, елементи од тантела и улични couture силуети.
PINKO LOGO MANIA дефинитивно ја инспирира модата за оваа пролет-лето сезона го носи трендот на натписи и логоа, директно инспирирани од 90-тите години. Во овој дел на четири кукли беа претстваени различните комбинации од линијата Pinko Logo Mania. Нешто што е базично за оваа Pinko капсула е чипканиот материјал разубавен во Pinko стил, со Pinko логото од двете страни.
ПРОЧИТАЈТЕ: Барбара Палвин заштитно лице на пролетната кампања на Pinko
PINKO PINSTRIPE линијата во која пругите и тантелата се повторно во тренд. Катче во кое парчињата беа претставени на три модела. Контрасните стилови секогаш со Pinko даваат неочекувано добри резултати. Перфектни комбинации за на работа и за на коктел.
PINKO ACCESSORIES аголот дефинитивно ги покажа сите аксесоари кои го има PINKO. Дали ќе одберете обувки, чанта или некој друг моден додаток сигурно ќе бидете забележани.
Останатите катчиња во галеријата беа местата за коктели и кетеринг за кои се грижеа Amigos Мexican Restaurant & Bar. Забавата беше поддржана со вината на „Тиквеш“ и одлични коктели преку кои гостите ги пробаа различните вкусови на Absolut. Обрнувајќи внимание на секој ситен дета за момент успеавме да ја почувствуваме италијанската култура. Одлична колекција, насмеани гости и добра музика се секогаш правилен рецепт за успешна и убава вечер.
Нема коментари