Најголемата кампања за летни попусти на „Рамстор Мол“, „Гараж сејл 3“ што започна на 20 август ќе трае до 27 август. Според автентичното име на кампањата, закупците веќе трета година по ред „прават чистка“ и ги вадат своите производи надвор, создавајќи достапност и непосредност со купувачите. Во продажните места во трговскиот центар може да најдете производи од омилените брендови кои за оваа пригода овозможија попуст дури до 70%, или пак да ја надополните домашната кошничка со продукти од маркетот лоциран во трговскиот центар.
Нема коментари