Една од најактуелните манекенки во моментов Џиџи Хадид е заштитно лице на новата рекламна кампања за модни додатоци на италијанскиот бренд Max Mara. Фотографирана од страна на Стивен Мајзел, Џиџи позира во неколку модели на чанти од колекцијата за есен-зима 2016/17, како на пример чантата Whitney Bag, со широка прерамка, карактеристични пораби и во темно виолетова боја, и моделот Jbag, голема но софистицирана чанта со двобојна прерамка. На една фотографија манекенката носи очила за сонце со необични бели рамки.
Нема коментари