Викендов британската јавност посвети големо внимание на свадбата на Пипа Мидлтон, сестрата на Војвотката од Кембриџ и многу веројатно идната кралица Кејт Мидлтон. Пипа се венча со богаташот Џејмс Метјус, а врските со кралското семејство ѝ донесоа публицитит и најава по медиумите за свадба на годината. Со недели претходно се претпоставуваше како ќе биде облечена Пипа на својата свадба во едно село во Беркшир, а таа во конечницата избра венчаница од Џајлс Дикон – долг фустан од тантела кој ја нагласува половината и се шири во долниот дел, со кратки ракави и висок околувратник. Пипа се одлучи за покласичен изглед, со долг вел и стари бисерни обетки, дијадема и чевли од Маноло Бланик, а многумина најдоа сличности помеѓу нејзиниот и свадбениот изглед на сестра си Кејт кога во 2011 година се венчаваше со принцот Вилијам. Венчаницата на Пипа што ја дизајнира Дикон се проценува на 40.000 фунти.
Нема коментари