Џорџо Армани претстави две рекламни кампањи за сезоната есен-зима 2016/17, едната се однесува на колекцијата од неговата главна линија и претставува минималистички портрети на манекенките Мартје Верхоф и Хедер Каменски фотографирани од тандемот Мерт и Маркус. Манекенките носат женствени фустани и палта, макси креации со принт и модели инспирирани од машката облека како пругаст костим
Втората кампaња е посветена на втората линија на Армани, Емпорио Армани, со акцент на EA7 Olympic, спортска облека која е службената униформа на италијанските олимпијци кои ќе настапат во Рио де Женеиро летово. Фотографиите ги направи Серж Геран, а позираат Пени Лејн и Пјетро Босели.
Нема коментари