Крупни прстени, обетки, ѓердани и алки од проѕирни и шарени кристали, модни додатоци како корсет од кристали, ова се некои од парчињата накит од првата колекција на стилистката Џована Батаља Енгелберт како креативна директорка на компанијата Swarovski.
Поставувањето на Џована на оваа позиција во Swarovski се поклопува со 125-годишнината од основањето на австриската компанија за накит, во чест на јубилејот куќата одлучи да ги обедини своите дизивизии под новиот концепт Wonderlab и слоганот Ignite Your Dreams.
Деби колекцијата на Батаља наречена Collection One се состои од 13 мини колекции, меѓу кои сестраната Millenia, вечерната Curiosia, Dulcis се однесува на обетките и прстените од сини и жолти кристали, Somniа на парчињата од кристални перли, во линијата Chroma се експериментира со бојата и волуменот, а највпечатливиот накит е во линијата Hyperbola.
-Сакав да ја проучам основната геометрија на кристалот и неговиот потенцијал. Проучувајќи ги првите цртежи на Даниел Сваровски, бев инспирирана од магијата на неговите рани откритија – изјави Џована.
Смелите комбинации со кристали и бои од првата колекција на Батаља за Swarovski се претставени преку кампањата во која централна улога има супероделот Адвоа Абоа, а накитот ќе почне да се продава во април годинава.
Нема коментари