Британската дизајнерка Клер Вејт Келер си заминува од позицијата на уметнички директор во париската модна куќа. За време на тригодишниот ангажман, Келер добиваше позитивни критики за нејзините колекции и за препознатливиот стил кој е мешавина на женственост и маженственост, а особено се фалени креациите од високата мода. Широка популарност доби во 2018 година кога го дизајнираше венчалниот фустан за кралската свадба на Меган Маркл и принцот Хари. Келер си заминува од куќата по истекот на тригодишниот договор, не е позната причината зошто не продолжува соработката на дизајнерката со „Живанши“.
Информацијата ја пренесе WWD, a пред половина час е потврдена и на Инстаграм профилот на „Живанши“.
Нема коментари