По именувањето на Клер Вејт Келер за нов креативен директор во „Живанши“ и со тоа наследник на Рикардо Тиши на оваа позиција, париската модна куќа најави дека до крајот на летото ќе лансира детска колекција. Тоа ќе биде прва колекција на детска облека на брендот, а претстојната линија ќе содржи минијатурни верзии на модните фаворити на „Живанши“, но сега наменети за новороденчиња и деца до 12 години. Планот е да се претстават 130 парчиња – 60 за девојчиња, 40 за момчиња и 30 за бебиња. Еве прв поглед на детската колекција на брендот.
Нема коментари