Викторија Бекам, Риз Витерспун и Кејтлин Џенер се дел од добитничките на наградата „Жени на годината“ на американското модно списание Glamour. Уредништвото во ноемврискиот број го откри нивниот избор на успешни жени што оставиле печат, а наградите им беа доделени вчера во Канеги хол во Њујорк. Признание вчеравечер добија и Сесил Рилардс, политичарка и активистка за здравствени права, балерината Мисти Коупланд, американската женска репрезентација во фудбал и деловната жена Елизабет Холм. Магазинот успеа на едно место да собере голем број успешни жени и холивудски ѕвезди, како Ана Винтур, Иман, Медлин Олбрајт, Виола Дејвис, Лупита Нионго, Иванка Трамп и Џенифер Хадсон.
Нема коментари