Дизајнот на Росица Мршиќ се најде во потесниот круг на летниот предизвик, организиран од Moda Aesthetics платформата.
Еден од летните дизајни на македонската модна дизајнерка Росица Мршиќ се најде во потесниот круг на настанот организиран од платформата на Moda Aesthetics. Летниот фустан беше избран во конкуренција од осумнаесет учесници на овогодишниот настан со наслов „Фустанот на 21от век”, организиран од страна на онлајн плаформата Moda Aesthetics (од Амстердам, Холандија). Натпреварот е отворен до 23-ти септември, а за дизајнот на Росица можете да гласате на следниот ЛИНК.
Нема коментари