Во јубилејната 15-та година од постоењето на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, академската година повторно ја заокружува со годишна изложба на делата на студентите од графички, моден и ентериер дизајн. Овој пат избран е дигиталниот формат наместо физичка изложбата, обемната глерија со преку 55о фотографии на делата на студентите можете да ги погледнете на овој ЛИНК.
-Иако и оваа година ја претставуваме во дигитална форма, на изложбата ќе видите бројни дела од различен карактер кои сведочат за бесконечната имагинација, креативноста и трудољубивоста на нашите студенти. Покрај редовните наставни активности, тие учествуваа на конкурси за дизајн и на меѓународни студентски манифестации, се претставуваа во домашните и странските медиуми, испраќаа важни пораки за одржливост, екологија, човекови права, слобода и свест за јавните добра – вели деканката на ФАД, проф. д-р Гордана Вренцоска.
Нема коментари