Денеска, 2 ноември, во скопскиот локал Концепт 37 со почеток во 20:00 часот ќе се случува промо забава на Street Wear брендот Голока од Бугарија, кој за прв пат ќе се претстави пред скопската публика со својот бренд.
Дизајните што ќе ги презентираат се рачна изработка од страна на познати графитџии и дизајнери од Бугарија како Nasimo, Galen Zhelyazkov – Omerta и други.
Голока е супер фраерски бренд кој доаѓа од соседството, и кој ќе ги презентира своите кул дизајни на облека – маички, капи, блузони итн. Постојат повеќе од 5 години и се афирмиран Street Wear бренд кој има продажна мрежа во Бугарија, Канада, Чешка…
Голока, заедно со домаќините Токсиколози – Џоле, Сиги и Кацар, ќе ви ја претстават и првата соработка со скопските хипхопери, односно новата линија на маици – Токсиколози едиција.
Бидејки ова е промо журка, артиклите ќе бидат по промотивна цена. Зад грамофоните ќе биде DJ Drazi Drags, а зад микрофоните Токсиколози и Gerata (BG).
Нема коментари