Македонската манекенка Горјана Кулишевска–Џоја подолго време е успешна на домашната модна сцена, но е и интернационален модел. Неодамна, за време на нејзиниот втор професионален престој во Милано, таа доби ангажман да фотографира лукбук (серија на фотографии) за модната куќа која го носи името на славниот дизајнер Александар Меквин. Фотографирањето се случи во просториите на модната куќа, а фотосесијата е наменета за групацијата Net-a-Porter.
-Неодамна нашиот модел потпиша договор со една од најдобрите модни агенции NEXT MODELS и очекувано следеше добар ангажман. Кулишевска е долги години на модната сцена, но сепак победата на „Лице на годината“ за 2017 година ѝ ги отвори вратите во светскиот „моделинг“. Покрај модната агенција „Моделс ИН Менаџмент“, кариерата на нашата Џоја ѝ ја води познатата менаџерка Јелена Ивановиќ од Белград која успешно ја пласираше во Милано и Париз. Елегантна, софистицирана и професионална, Кулишевска е синоним за врвен модел која секогаш успева посветено да работи како интернационален модел и воедно одличен студент по молекуларна биологија. Од септември почнува новата сезона за Џоја и веруваме следува некоја докажана модна дестинација – велат од нејзината матична агенција „Моделс ИН Менаџмент“.
Нема коментари