Во агендата на моделите помеѓу другите работи стојат и датуми каде мора во точно време да се појават, па дури и да се претходно на другата страна на светот. Тоа се случи со нашиот интернационален модел Горјана Кулишевска, или Џоја, како што милуваат да ја ословуваат во светските модни центри. Додека престојуваше и работеше во Париз ѝ стигна итен мејл дека мора да се појави во Рим за да ја изработи кампањата на брендот Мона за предстојната сезона.
-Снимањето и фотографирањето траеше неколку дена и Џоја мораше да промени над 20 стајлинга, возеше веспа низ улиците на раскошниот Рим и атрактивно чекореше на познатите Шпански скали. Инаку брендот Мона е познат по совршените обувки и префектно изработените чанти кои во последно време следејќи ги светските трендови ги изработуваат со еко-материјали. Периодов Кулишевска повторно беше во Милано каде работеше кампања овојпат за италијански бренд ,која ќе излезе наредната сезона – гордо изјавија д нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент.
Нема коментари