Инстаграм веќе не е простор само за 20-годишни блогери, на мрежата има безброј инфлуенсерки над 40 години кои се исто толку влијателни. Долго време модната индустрија, модните кампањи и ревии ги исклучуваа зрелите жени, но дојде доба кога конечно препознавме дека стилот не признава возраст, а жените и над петтата деценија се стилска инспирација. Една од тие жени е Грес Ганем од Канада, модна икона која покажа дека и на 56-годишна возраст можете да носите неонски панталони, слип-фустани, смели шари и разни откачени комбинации.
Грес можеби често се облекува како да седи во првиот ред на некоја модна недела, но нејзината дневна работа не е поврзана со модната индустрија – таа е микробиолог и личен тренер со седиште во Монтреал. А сега и модна инфлуенсерка и стилска икона со над 600.000 следбеници на Инстаграм. Вели дека модниот пробив ѝ го должи на својата ќерка, која што ја поттикнала да започне блог.
Нејзиниот профил на Инстаграм го отсликува нејзиниот личен стил – трендовски дизајнерски парчиња во микс со безвременска облека, јаки бои и животински принт, шарени плетени работи и фармерки. И многу дизајнерски чевли и чанти.
Како треба да изгледа една 56-годишна жена со стил? Чудно е што Грес нема одговор на ова прашање. Според нејзините зборови, таа сега се облекува на ист начин како и пред 20 години – и сè уште не се плаши да носи кроп-топ блузи, многу кратки шорцеви и мини фустани. Повремено не ги брка трендовите и претпочита работи што можат да го издржат тестот на времето. Затоа, меѓу нејзините омилени дизајнери ги именува Фиби Фајло и Даниел Ли од Ботега Венета, чија естетика не подлежи на моментални промени. Во исто време, Грес не се плаши да преземе модерни ризици и да облече облека во интензивни бои, честопати дури и некоја флуоресцентна нијанса, или да пак да спои различни шари.
Нема коментари