Со новиот предизвик #GucciModelChallenge на ТикТок тинејџерите покажуваат како се облекуваат во комбинации инспирирани од естетиката на модната куќа Гучи креирана од Алесандро Микеле, и спонтано станаа дел од голем неофицијален кастинг за модели. Овој предизвик на стана ултра популарен и илјадници ширум светот ги открија своите вештина во облекувањето во слоеви од шарена и колоритна облека.
Под хаштагот #GucciModelChallenge ќе најдете многу убедливи видеа што нудат поглед на она што може да биде следната генерација на модели на Гучи. Сите видеа на Gucci Model Challenge го содржат оригиналното аудио на актерката Лахлан Вотсон/ @unofficiallachwatson, (ѕвездата на серијата Chilling Adventures of Sabrina. Таа наведува како да го постигнете Гучи изгледот, кој почнува со ролка, па следат шарена кошула, елек, сако во зелена или друга интензивна боја, панталони и мини здолниште врз нив, сандали со чорапи, и на крај, очила за сонце и свиленкаста марама на главата како клучен детаљ во естетиката на Гучи. Оригиналното видео на Лахлан за жал повеќе не е достапно, во него таа повикува „Гучи, ако го гледаш ова, дозволи да бидам твој модел“.
Брендот Гучи е познат по својот неконвенционаен кастинг на манекени и периодов ангажира некои од вработените да бидат модели на колекциите за 2020. Претпоставуваме дека дизајнерот на Гучи, Алесандро Микеле, го ѕирнал овој предивик и можеби е време да ангажира некои од оние што објавиле видео под хаштагот #GucciModelChallenge. Но, исто така, во екот на најголемата популарност, скоро сите објави беа мистериозно избришани. Ова не е потег на Гучи, на брендот му одговара голема популарност и кај помладата публика. Добрата страна е што повторно се објавуваат видеа под #GucciModelChallenge, еве еден избор
@yeilovetvComo lucir como una MODELO GUCCI junto a @adolphox ##gucci ##guccimodel ##guccimodelchallenge♬ sonido original – pontebonitabyapgl
@rezagladys begini ya ##fyp ##fypシ ##foryoupage ##gucci ##guccigang ##guccimodelchallenge ##guccimodel ♬ sonido original – pontebonitabyapgl
@sheenwaaYes, hello @gucci ✨ ##guccimodel ##guccichallenge ##guccimodelchallenge ##foryou
@avivweinberger איך יצא לי? רוצים שאעשה לזה גרסה בעברית? אם כן תגיבו למטה ##gucci @gucci ##guccimodel ##guccimodelchallenge ♬ sonido original – pontebonitabyapgl
@stevenoclockrepost bc tiktok deleted the sound ##fyp ##foryou ##guccimodelchallenge ##guccimodel ##fashion
♬ original sound – stevenoclock
@miss_madisonlynn Any excuse to wear everything in my closet! @gucci ##gucci ##guccimodelchallenge ##model ##fashion ##style ##fashiondesign ##fyp ##designer ##vintage ##thrifted ♬ original sound – Nicole
@ca.ssiopeawI don’t make the rules, @gucci you know what to do ##guccimodelchallenge ##trend ##fyp ##foryoupage ##fashion ##comedy ##moda ##perte ##neiperte
♬ suono originale – ca.ssiopeaw
@talesofbelkin ##guccimodelchallenge ##Itsgucci ##fyp ##веркасердючка ♬ original sound – .minupinu06
Нема коментари