Осумнаесетгодишната Ели Голдстајн ќе се појави на страниците на италијанскиот Vogue како дел од новата козметичка кампања на „Гучи“. Пред неколку месеци Gucci Beauty и Vogue Italia лансираа потрага по модели на Инстаграм, по што фотографот Дејвид П.Д. Хајд ја сликаше Ели заедно со уште неколку други модели за да ја промовираат маскарата Gucci Mascara L’Obscur.
Фотографијата на Ели веќе има преку 800.000 лајкови на Инстаграм на профилот на „Гучи“, односно тоа е најпопуларната фотографија на профилот на познатата модна куќа.
Тинејџерката од Есекс, Велика Британија, пред три години потпишала договор со агенцијата Zebedee Management, која ги претставува лицата со посебни потреби, а веќе се има појавено во неколку кампањи за Nike, Vodafone и Superdrug.
Ели признава дека уживала во позирањето, особено во тоа што носела креации на „Гучи“.
Нема коментари