Креативниот директор на „Гучи“ Алесандро Микеле во вторникот напладне го претстави новиот концепт на познатиот музеј на оваа модна куќа сместен во историската Palazzo della Mercanzia во Фиренца, и просторот официјално го претвори во Gucci Garden. Дизајнерот го реотвори музејот во кој се раскажува историјата на брендот основан во 1921 година, a во чиј склоп дел сместена е продавницата во која може да се купат парчиња и предмети од „Гучи“ кои не можат да се најдат на ниедно друго место.
Новина во целиот проект е ресторанот Gucci Osteria, во кој специјалитети подготвува познатиот готвач и носител 3 Мишелин ѕвезди, Масимо Ботура. Тука може да јадете Гучи тортелини со пармезан, специјалитети од месо и морски плодови, или пак да пиете капучино со лого на Гучи.
Gucci Garden е на адресата Piazza della Mercanzia 4, во близина на познатата фирентинска галери „Уфици“, влезот во музејот е 8 евра, а во ресторанот најскапиот оброк е околу 40 евра.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари