По отворањето на Gucci Garden, уметнички простор во Фиренца кој обединува бутик, ресторан и галерија, модната куќа „Гучи“ продолжува да експериментира со различни форми на задоволување на своите клиенти и следниот амбициозен проект е сопствена книжарница.
Книжарницата е отворена во рамки на бутикот на „Гучи“ на улицата Вустер во Њујорк и е декорирана во препознатливиот еклектичен стил. Како куратор се појавува Дејвид Стретел (Dashwood Books), кoj помогна во изборот на скоро 2.000 публикации. Станува збор за авангардни изданија, луксузни публикации, книги за мода, младешка култура, уметност, архитектура, илустрации и дизајн, како и ретки книги, наслови кои веќе не се печатат и niche магазини. На изборот на книги работеше и креативниот директор на „Гучи“, Алесандро Микеле.
Нема коментари