Алхемичарски игри во новата линија на луксузни парфеми на „Гучи“
Модната куќа ја претставува новата линија на мириси The Alchemist’s Garden, ексклузивна линија која се подближува до концептот на niche парфемите и нуди единствено исксуство. Линијата во голема мера е инспирирана од старата алхемичарска философија.
Креативниот директор на „Гучи“ Александро Микеле се здружи со мајсторот за парфеми Алберто Морилас за да креираат луксузна линија од 15 парчиња, односно седум парфемски води, четири парфемски масла и три мирисни води. Концептот на The Alchemist’s Garden се темели на слоевито комбинирање на мирисите за да се постигне мирисниот микс кој ќе биде посебен единствен и ќе го носи вашиот печат.
Мирисите се спакувани во шишенца кои потсетуваат на старите апотекарски теглички. Во нив има ноти на лаванда, роза, сандалово дрво, пачули, бергамот, со чие понатамошно комбинирање се добива посакуваниот „мирисиен микс“. Микеле и претходно соработуваше со парфумерот Морилас, кој ги потпишува неколкуте верзии на Gucci Guilty и Gucci Bloom.
View this post on Instagram
Every fragrance and formula of #TheAlchemistsGarden collection was created by @alessandro_michele and maître parfumeur Alberto Morillas as an unicum, telling the story of a place, a moment, a season and a memory of a scent. #GucciBeauty #AlessandroMichele Shot by: @colin_dodgson Art Director: @christophersimmonds Creative Director: @alessandro_michele A post shared by Gucci Beauty (@guccibeauty) on
Нема коментари