Нова Манескин-манија во модниот свет, италијанскиот бенд Måneskin кој не само што победи наЕвровизија, туку и ја освои бројната светска публика со својот имиџ и стил, сега се појавува во новата кампања на модната куќа Gucci
Дизајнерот Алесандро Микеле од Гучи одлучи Манескин да се појави во новата Gucci Aria кампања, а фотографиите ги потпишува тандемот Мерт и Маркус. Микеле ги ангажира членовите на бендот како нови миленици во сферата на музиката и модата „да го доловат револуционерниот и радосен импулс на еросот како креативна сила зад современите слики“.
Соработката помеѓу Гучи и Манескин е вистински рокенрол спој – вкусот на култниот луксузен бренд за винтиџ блесок, кожни ремени и рок став им прилега на членовите на бендот. Соработуваа и на новиот спот на Манескин, I Wanna Be Your Slave во кој бендот е облечен во креации на Гучи.
Нема коментари