Француската козметичка компанија Guerlain во колекцијата на шминка за лето 2020 Brazilian Club ја нуди новата верзија на култниот теракота бронзер, кој изгледа како микс на бронзер и руменило, има златен сјај одозгора и е спакуван во дрвена кутија. Ефектот што ќе го добиете со овој бронзер е затемнети образи, како да сте се сончале на некоја плажа во Рио де Жанеиро.
Покрај новата верзија на бронзерот (Terracotta Brazilian Beach), во новата колекција на Guerlain има и нови перли од линијата Météorites (Guerlain Météorites Perles Brazilian Fizz) и руменило (Blush Brazilian Shimmer).
Нема коментари