Гвинет Палтроу позира во црно боди од тантела на La Perla и тантелна маска на очите за да постигне секси ефект на насловната на ноемврискиот врој на американски Harper’s Bazaar. Новиот број е посветен токму на темата „Што е секси денес“, а на останатите фотографии актерката и основачка на лајфстајл пратформата Goop, позира во црни костими за капење и секси чевли. Таа носи модели од „Валентино“, „Ерес“, Армани, „Луј Витон“, „Сен Лоран“, а фотографиите се на Алекси Лубомирски.
Во интервјуто за магазинот таа зборува за смелиот стил и став, за тоа како ги охрабрува своите деца Епл и Мозес да преземаат ризици во животот, за новата мини колекција што ја дизајнира под името на својот лајфстајл бренд Goop, за тоа како татко ѝ Брус Палтроу ја опоменал дека станала неподнослива за екот на најголемата слава, а ја спомнува и својата пријателка Бијонсе за која вели дека е многу приземјена, одлична мајка и неверојатно срамежлива.
Нема коментари