Пејачот и актер Хари Стајлс се појавува во новата кампања на „Гучи“ облечен во откачени сакоа и костуми со цветни и карирани шари, креирани во препознатливиот максималистички стил на креативниот директор на брендот, Алесандро Микеле. Оваа кампања се однесува на предесенската 2018 Gucci Tailoring колекција, која содржи машки костуми кои се една поинаква класика, а под една од фотографиите објавени на Инстаграм пишува “Во оваа наративна секвенца која одразува бројни познати фотографии и сцени од британските филмови, Хари Стајлс го донесе својот петел и кучето во еден ресторан за риба и чипс“. Хари е фотографиран во Северен Лондон во типичен ресторан во кој се служи традиционалниот оброк од пржени компири и риба, а има и модно видео со звуците на песната Michelle на Битлси. Фотографиите и видеото ги потпишува Глен Лачфорд.
A post shared by Gucci (@gucci) on
A post shared by Gucci (@gucci) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари