Преведено на обичниот јазик интернетските термини од насловот информираат дека ознаката #MangoGirls е тренд на интернет и често се појавува на Инстаграм и другите социјални мрежи, потврувајќи дека шпанскиот бренд „Манго“ повторно е хит во модниот свет. Брендот го доживува своето оживување благодарение на новите колекции, иновативните кампањи и девојките од големата #MangoGirls заедница која сака да ги носи креациите и ги комбинира на иновативен начин.
Во последно време на Инстаграм се појавија повеќе ознаки кои асоцираат на одреден бренд (#chloegirls, #miumiugirls, #zaragirls), сега е време за Манго-девојките кои освојуваат со својот стил. Хаштагот #MangoGirls беше употребен во маркетинг кампања на Инстаграм со стилските ѕвезди Гилда Амброси, Џулија Рестоан Ројтфелд и Пернил Тајсбек, сега ги означува сите нови модни комбинации во кое е употребено парче од „Манго“. Сите овие комбинации, како и оние од колекцијата Mango Commited (за тоа како модните инфлуенсери ја сакат оваа колекција пишувавме овде), од новата A Story Of Uniqueness и од Premium линијата, нека ви послужат за инспирација.
A post shared by noelia (@noelia__gg) on
Нема коментари