Модниот бренд H&M со задоволство најави соработка со една вистинска модна икона – Ајрис Апфел. Како најава за оваа соработка, во рамките на Њујоршката модна недела H&M организира прослава на 100-от роденден на Ајрис, оддавајќи почит на оваа модна муза која со децении е инспирација за многу љубители на мода.
Колекцијата Iris Apfel x H&M оддава почит на нејзиниот уникатен стил и ќе започне со продажба на почетокот на 2022 година. H&M сакаше да соработува со Ајрис поради нејзиниот ексцентричен стил и влијанието врз модната заедница. Таа веќе 100 години ги инспирира луѓето на креативност, славење и прифаќање на својот стил, а нејзината шарена облека и смели модни додатоци се предмет на фасцинација со децении.
Клучните парчиња во оваа колекција се шарени, како на пример цветни костуми, фустани со каранфили и принтови, и сè е направено од мешавина на текстури, со интересни кроеви и дезени. Облеката е придружена со специјално дизајниран накит и модни додатоци. Материјалите се рециклирани или од одржливи извори, и секоја облека и моден додаток се направени имајќи ја предвид циркуларноста.
-H&M е одличен и е апсолутен пионер во својата област, и тоа ми се допаѓа! Исто така, сакам кога создавам нешто што е достапно во однос на цената, што H&M веќе го совлада - изјави Ајрис.
-Ајрис го отелотворува она нешто што ние го нарекуваме личен стил – стил кој е и убав и декоративен и еклектичен и секогаш актуелен. Покажува што е мода – средство за изразување на тоа што сте или сакате да бидете и да се забавувате во исто време. Таа е вистинска инспирација - рече Ан-Софи Јохансон, креативна консултантка за женска облека во H&M, за оваа соработка.
Нема коментари