После соработките со големите дизајнерски имиња Карл Лаггерфелд, „Версачe“, Ердем, Стела Макартни, „Балман“, „Кензо“, Александар Ванг, „Марни“, Maison Margiela, шведскиот моден гигант H&М одлучи следната дизајнерска колекција да биде со италијанскиот бренд „Москино“ каде креативен директор е Џереми Скот.
Дизајнерот Џереми Скот веста ја објави на журката на „Москино“ што во саботата се одржа во склоп на музичкиот фестивал Коачела, на која супермоделката Џиџи Хадид се појави во креација што ја најавува колекцијата. На Инстаграм профилот на H&M беше постирано кратко видео и во живо одеше разговор меѓу Џереми и Џиџи, кој исто така можеше да се следи на голем екран на забавата, а кампања за колекција MOSCHINO [tv] H&M е потполно иновативен ТВ-концепт кој ги спојува социјалните и традиционалните медиуми и создава нова мултиплатформа како ново ново искуство за дигиталниот свет кој го одзема здивот.
✨ @gigihadid trying on that new @moschino tv x @hm shot for @voguemagazine ✨ A post shared by Rony Alwin (@ronyalwin) on
Се очекува MOSCHINO [tv] H&M да биде спој на поп култура, гламур, улична култура, јаки бои и монограми, разиграност и многу хумор. Ќе почне да се продава на 8 ноември оваа година.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари